Ештон Качер со „замрзнато“ лице како Бредли Купер

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Една од омилените холивудски двојки – Мила Кунис и Ештон Качер беше присутна и на Оскарите. Мила која е родум од Украина, одржа и говор на доделувањето на престижните награди.

Брачната двојка блесна во гламурозно издание како што доликува на вакви настани, но овој пат Мила остана во сенка на сопругот, што се однесува до изгледот.

И додека некои дебатираат дали е во прашање само стареењето, некои се убедени дека 44-годишниот актер, токму како и неговиот колега Бредли Купер, се претерал со ботоксот. Истото отечено лице и промена на изразот се присутни и кај Ештон, а малку е да се каже дека жените се разочарани.

Да потсетиме, љубовната приказна на Ештон Качер и Мила Кунис започна во 2012 година, иако тие се познаваат уште од дамнешната 1997 година. Тогаш заедно ја снимаа хит серијата „Веселите седумдесетти“ во која глумеа љубовен пар, но во тоа време Мила имаше само 14 години. Ештон подоцна беше во брак со Деми Мур. По разводот со Деми, хемијата проработи помеѓу Ештон и Мила. Денес се во брак, имаат две деца, а нивниот важи за еден од најстабилните во Холивуд.

ФОТО: Инстаграм

Share This Article