More

    Мазнева Николиќ најави дека „Комунална хигиена“ наскоро ќе го исчисти ѓубрето

    spot_img

    Директорката на ЈП Комунална Хигиена Косана Мазнева Николиќ на прес-конференцијата во просториите на Град Скопје рече дека градската администрација и Комунална Хигиена успешно се справиле со опструкциите и блокадата на претпријатието, а кое веќе е вратено да им служи на скопјани.

    – Нашето претпријатие беше блокирано од страна мафијашките структури коишто недозволуваа ниту еден вработен да ги извршува своите работни задачи. Неколку дена помала група на вработени кои повеќе од 15-тина години ја држат трета смена на претпријатието спротивно на законите и колективниот договор, а поголем дел од нив не се појавуваат на работа и го блокираат редовното работење. Истите не дозволија да се исчисти сметот на територијата на Град Скопје – рече директорката.

    Иако навремено биле известени надлежните институции за блокадата од нив, на мафијашките стурктури им било дозволено да продолжат со блокадите, смета таа.
    – Ниту јас ниту градоначалничката Арсовска нема да дозволиме да продолжи самоволието на одредена група. КХС ќе продолжи со редовните работни обврски, секој мора да биде на ниво на хигиената. После еден часот по полноќ екипите се пуштени на терен и ве уверувам дека нема да има смет во ниту една населба, ќе работиме без застој. Заврши работата со мафијашките структури. Мојата работа како директор на КХС е да раководам со претпријатието. МВР и ЈО се известени за тие лица за кои имаме сомневања и имаме документи за нив кои можат да помогнат, се доставени до нив – вели директорката Мазнева Николиќ.

    Додаде дека претпријатието е во целосна кондиција и не постои страв дека може да пропадне.

    – Морам да кажам дека ХКС од 2007 година нема добиено регрес на плата, а сега за првпат исплативме К-15, а вработените добија и лична заштитна опрема. Што се однесува до усогласувањерто на минималната плата, и тој проблем е решен – потенцираше Мазнева Николиќ.

    Таа додаде дека претпријатието нормално функционира, ќе биде запонато собирање на сметот најпрвин по главните улици, а потоа и во другите, ако е потребно ќе вработените ќе работат и 24 часа само да го отстранат насобраниот смет.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img