Српскиот кошаркар Никола Јокиќ е во фокусот на вниманието по импознантната сезона во која со Денвер нагетс ја освои шампионската титула во НБА и стана МВП во завршницата на најсилната кошаркарска лига во светот.
Деновиве на социјалните мрежи се појави интересно видео снимено во 2005 година на кое еден Србин на тогаш малото полничко момче му предвиде дека ќе биде најдобар кошаркар во светот и тоа точно во 2023 година!
На видеото тој го прашува дали верува во тоа, а малиот Никола Јокиќ одмавнува со главата и му вели – Не верувам!