More

    (ВИДЕО) Муцунски и Ѓорѓиевски го истурија сметот пред Дрисла, а оттаму тврдат дека немаат договор за тоа

    spot_img

    Ѓубрето од скопските општини Аеродром и Кисела Вода што вчера со помош на механизација од други градови беше собрано од овие општини, заврши пред депонијата „Дрисла“.

    Градоначалниците на овие општини Тимчо Муцунски и Орце Ѓорѓиевски, како што изјавија, на своја одговорност го одложија сметот пред депонијата, бидејќи не им беше дозволено да го одложат на депонијата.

    Од „Дрисла“, пак, преку соопштение информираа дека на двете општини им истекол договорот за одлагање на смет.

    „Ги замолуваме градоначалниците од општина Кисела Вода и општина Аеродром да бидат поодговорни кога даваат изјави и да престанат безочно да лажат, особено поради тоа што веќе e креиран сомнеж за извршување кривично дело од нивна страна против животната средина. Имено, ниту општина Аеродром, ниту општина Кисела Вода немаат потпишан договор со ЈП депонија Дрисла Скопје бидејќи истиот им е истечен во март месец. Се поставува прашањето, каде го фрлале сметот овие две општини во изминатите месеци ако немаат договори со ЈП депонија Дрисла Скопје, единственото предвидено место за одложување на отпад?“, соопшти „Дрисла“

    Оттаму прашуваат:

    „Дали креирале и колку диви депонии креирале? Колку од дивите депонии кои ги исчисти градот Скопје повторно се претворени во хаос со отпад?“

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img