Општина Кавадарци испраќа помош во Скопје за справување со отпадот, информира на социјалните мрежи градоначалникот Митко Јанчев.
„Во Општина Кисела Вода испратени се 3 камиони и еден џип се со цел да се помогне во решавање на проблемот со отпадот. Помош ќе се испрати и на други општини кои што имаат потреба“, напиша Јанчев.
Градоначаниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ синоќа се организираа и сами почнаа да го расчистуваат отпадот.