More

    По 16 години е раскинат договорот за изградба на болницата во Штип

    spot_img

    Пред 3 дена раскинат договорот за изградба на болницата во Штип, открива министерот за здравство, Фатмир Меџити, во интервју за Макфакс.

    Одлуката била донесена на влада, а министерот најавува дека ќе ја активира и банкарската гаранција бидејќи болницата се гради 16 години, требало да биде готова во 2018 година, а не е завршена ниту во 2023 година.

    – Требало да биде изградена во 2018 година болницата во Штип, не била изградена. Па требало до 2023, до сега јуни што помина требаше да се предаде во употреба болницата, не е предадена и јас постапив, го раскинав (договорот) со сите права кои ги имаме и тука ќе ја активирам и банкарската гаранција, значи многу сум сериозен во моето делување и јас и тимот – вели Меџити.

    Меџити вели дека тече нова процедура за избор на нов изведувач на работите.
    – Еднаш засекогаш таа болница и тој дел на источна Македонија да добијат објект каков доликува на здравство и да примат такви здравствени услуги. Ја знаете мојата изјава кога бев во Штип што ја кажав во старата болница, навистина таму има многу добар кадар, многу добри здравствени работници што макотрпно работат – вели Меџити.

    Од партиската трибина ВМРО ДПМНЕ посочи дека причината за неизградбата на штипската болница е тоа што државата го изгуби правото да повлекува од парите од европските развојни банки поради застојот во изгрдбата.

    Рокот за изградба на штипската болница привично беше до 2018 па потоа со анекси на договорот беше продолжен до 2023 година, но поради судски процеси и банкроти на фирмите кои работат на неа изградбата оди со доста забавено темпо.

    Пред две години Банката на Советот на Европа која беше финансиер на изградбата на Клиничка болница Штип се повлече, а финансирањето за градба на овој објект продолжи со средства од буџетот на Владата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img