На социјалните мрежи кружи необична снимка од жена која од чиста среќа избегнала трагедија на улица, а начинот на кој му се „извинила“ на возачот на автомобилот стана тема на медиумите во странство.
Жена за малку ќе настрадала во сообраќајна незгода бидејќи поминувала улица надвор од пешачки премин, пишува „Дејли стар“.
Не е сигурно, но изгледа дека имала слушалки во ушите и дека воопшто не слушнала кога и се приближувал автомобилот, но трагедијата за среќа била избегната благодарение на брзата реакција на возачот.
Потоа жената погледнала кон автомобилот и возачот, ги раширила рацете и направила нешто сосема неочекувано. Видеото е снимено во понеделникот на 3 јули, но не се знае каде точно се случило тоа.
Девојката ги рашири рацете откако автомобилот запре, а потоа го откопча горниот дел од тренерката и му ги покажа градите. Таа имаше насмевка на лицето, а претпоставуваме дека возачот ништо не разбрал.