Голманот Давид де Хеа денес објави дека го напушта Манчестер јунајтед. Триесет и двегодишниот шпански фудбалер го напушти англискиот тим како слободен играч.
Договорот на Де Хеа со Манчестер јунајтед беше со важност до почетокот на јули 2023 година. Голманот настапуваше за „црвените ѓаволи“ од 2011 година.
– Сега е вистинското време да се соочите со нов предизвик, да се обидете повторно во нова средина. Манчестер секогаш ќе биде во моето срце, Манчестер ме обликуваше и никогаш нема да си замине од мене – напиша Де Хеа во својата проштална порака на социјалните мрежи.
Де Хеа од Атлетико Мадрид се пресели во Манчестер јунајтед за 25 милиони евра. Вкупно, голманот одигра 545 натпревари за англискиот клуб.
Тој има осум трофеи со Манчестер јунајтед: Премиер лигата 2012/13, ФА Куп 2015/16, два трофеи од англискиот фудбалски Лига куп (2016/17, 2022/23), три ФА Суперкупа (2011, 2013, 2016) и победа во Лига Европа 2016/17.
Манчестер јунајтед сака да се раздели со четворица клучни играчи ова лето.
Според „Индипендент“ главниот тренер Ерик тен Хег има намера да ги продаде крилото Џејдон Санчо, играчите од средниот ред Фред, Скот Мектоминај и дефанзивецот Хари Мегваер. Овој потег е неопходен за да се направи простор за нови засилувања во претстојниот преоден рок.
Дваесет и тригодишниот Санчо е во Манчестер јунајтед од летото 2021 година. Во сезоната 2022/23, тој забележа 41 настап за клубот, постигнувајќи седум голови и три асистенции.
Триесетгодишниот Фред минатата сезона забележа 56 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи шест гола и исро толку асистенции. Беше објавено дека Реал Мадрид е заинтересиран за него.
Во сезоната 2022/23, 26-годишниот Мектоминај забележа 38 настапи за „Црвените ѓаволи“ во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и една асистенција. Њукасл сака него да го ангажира.
Мегваер кој има 30 години во тимот од „Олд трафорд“ е од 2019 година. Во сезоната 2022/23 Англичанецот одигра 31 натпревар во сите натпреварувања.