More

    Продавачка не го препознала Јокиќ

    spot_img

    Актуелниот шампион во НБА лигата, Никола Јокиќ, моментално се наоѓа во Горажде, БиХ, каде е забележан како купува пиво во продавница. По напорната и успешна сезона во НБА, Јокиќ едвај чекаше да се врати во родниот Сомбор и да гледа коњски трки, потоа се упати кон Италија на одмор, а нова дестинација му е Босна и Херцеговина, поточно во Горажде, каде е забележан во продавница.

    Според сараевскиот портал „Кликс“, Јокиќ на пат низ Горажде застанал во продавница за да купи пиво и сок, а касиерката не го препознала.

    – Сине, голем си само за кошарка – му рекла продавачката и предизвикала општа смеа кај сите присутни во продавницата.

    За овој портал своја изјава подоцна даде и сопственикот на маркетот.

    – Бев во градот кога ми се јавија и ми рекоа дали знаете дека Никола Јокиќ е во вашиот маркет. Ми се јави еден работник и ми кажа дека Никола и другарите застанале за да помине тој со виљушкарот да ја заврши работата, а потоа влегле во маркет за да земат пијалоци и ситници. Биле љубезни и весели. Никој не можел да поверува, но тоа се случило. Дина, касиерката, навистина не насмеа сите. Секако дека ја споделивме снимката. Жал ни е што немавме можност малку да поразговараме. Никола, но и сите останати се секогаш добредојдени во Горажде и кај нас – изјавил сопственикот за босанскиот портал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img