More

    Рама вели дека не бил во Приштина за да се ожени за Курти

    spot_img

    Албанскиот премиер Еди Рама на заедничката прес-конференција одржана со премиерот на Република Црна Гора, Дритан Абазовиќ, упатил критика кон неговиот косовски колега Албин Курти, велејќи дека хероите му припаѓаат на минатото и дека денес на регионот му е потребна соработка и економски раст и мир меѓу граѓаните.

    – Сè што повикува на неволја и поттикнува конфликт во нашиот регион е проблем за нас и не сме подготвени да бидеме дел од него, туку да се здружиме за да се спротивставиме на ситуација на неволја. Сакаме мир за луѓето и тие да имаат повеќе работа, а не бајки и приказни за херојство. Хероизмите припаѓаат на минатото, не ни требаат нови херои. Ајде да работиме како да ги зајакнеме нашите економии – рекол Рама и додал:

    „Не отидов во Приштина да се женам за Курти. Немам никаков личен или институционален проблем, само спротивни ставови за одредена ситуација“.

    Според него „Курти е во друг свет, јас сум со меѓународната заедница“.

    Во однос на иницијативата „Отворен Балкан“, одговарајќи на новинарско прашање, изјавил дека таа не е негова приватна компанија која „јас ја отворам или затворам, туку беше заедничка иницијатива“ оценувајќи при тоа дека Берлинскиот процес е многу важен за регионот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img