Фејсбукџија на познатата група „Грчка инфо“ напишал дека на една плажа во местото Неа Каликратија за лежалка му биле одново побарани пари по четири часа.
„Неа Каликратија, чисто за инфо и патем, прашање дали го има секаде или… не знам кое кафуле е, ама доаѓаш сабајле, земаш лежалки и пијачка, па после четири часа доаѓаат да ве известат дека треба повторно да платите за лежалки и пијалоци. Со други зборови, на секои четири часа плаќате лежалки и сте обврзани да се напиете нешто. Лежалките се веднаш десно од спасителот на плажата, односно делот од плажата што гледа во правец на главното шеталиште. ЕДИТ: Порачуваме пијалоци, нормално, за да се освежиме, не седиме со еден пијалок цел ден. Јадеме нешто, земаме сладолед … Ама темата се лежалките“, напишал овој член на групата.