Рики Мартин се разведува од својот 13 години помлад сопруг Џван Јосеф по шест години брак.
Пејачот Рики Мартин (51) и неговиот сопруг Џван Јосеф (38) на социјалните мрежи објавија дека се разведуваат по шест години брак.
„Размислуваме за ова веќе некое време и по внимателно размислување решивме да ставиме крај на нашиот брак со љубов, почит и достоинство за нашите деца – зачувувајќи и почитувајќи го сето она што го доживеавме како пар во овие прекрасни години“, рекоа тие во заедничка изјава на Инстаграм..
„Наша голема желба е да продолжиме да одржуваме здрава семејна динамика и врска заснована на искрено пријателство додека продолжуваме заедно да се грижиме за нашите деца. Како и секогаш, ви благодариме за сета љубов и поддршка што ја добивме во текот на нашиот брак. Се согласуваме да го негуваме ова ново поглавје во нашите животи“, ја објаснија својата одлука.
Да потсетиме, пејачката и шведскиот сликар со сириско потекло се запознале преку Инстаграм и почнале да се гледаат во 2015 година. Врската ја потврдија дури во март 2016 година, а потоа ја објавија и свршувачката. Тие се венчаа во тајност во 2018 година, а во декември истата година ја добија ќерката Лусија Мартин-Јосеф, која им ја роди сурогат мајка. На ист начин, во октомври 2019 година, тие го добија синот Рено Мартин-Јозеф.
Рики има и 15-годишни близнаци Матео и Валентино, кои исто така му ги роди сурогат мајка.
Мартин во 90-тите беше познат како еден од најпосакуваните мажи по кој копнееја жените ширум светот, а иако претходно го следеа гласини дека е геј, тој тоа јавно го призна дури во 2010 година.