Неименуван 55-годишен маж е обвинет за измама и фалсификување бидејќи ја ставил во замрзнувач својата почината партнерка која ја нашол безживотна во нивниот дом и продолжил да ја добива нејзината пензија. Жената била откриена во замрзнувачот на 16 март, а мажот бил уапсен три дена подоцна и оттогаш е во истражен затвор.
Тој им признал на истражителите дека ја ставил Норвежанката во замрзнувач откако ја нашол мртва во нивниот стан во Арјанг, на околу 330 километри западно од главниот град Стокхолм, пренесува Sky News.
Мажот им кажал на семејството и пријателите дека жената е се уште жива.
„Сигурно беше многу стресно за семејството и пријателите да дознаат на овој начин дека жената долго време била мртва“, изјавила обвинителката Линда Карлсон.
„Човекот го користел замрзнувачот и за други намени, што верувам дека значи дека при секое отворање и затворање на замрзнувачот се нарушува мирот на гробот на покојникот и претставува отежителна околност.
Иако истражителите првично веруваа дека жената е убиена, истрагата не го потврди тоа. Сепак, истражителите веруваат дека мажот имал помош за да ја премести жената, па не исклучуваат дека е вмешан и некој друг. Судењето е закажано за крајот на овој месец, јавува Дневник.хр.