ПРЕСУДАТА ЗА „СОФТВЕРИ“ ДОНЕСЕ И ЉУБОВНИ ПРЕГРАТКИ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Запросување и судбоносно „да“ се случи при денешното изрекување на казните за предметот „Софтвери“ во кој меѓу другото, поранешниот владин генсек Драги Рашковски доби осум години затво. Имено, кога обвинителката побара притвор за Даниел Станчев, еден од обвиниетите, тој зеде збор и образложи дека нема имот и оформено семејство и дека затоа е против овој предлог.

А кога заврши со образложението, Станчев се сврте кон обвинетата Ирена Ивановска и кажа дека е вљубен во неа. Потоа, клекна на колена и ја побара за жена.

Ивановска, на која со пресудата и беше изречена затворска казна од три години и шест месеци, видно изненадена рече „да“ на брачната понуда од Станчев  по што се прегрнаа и разменија бакнежи.

– Прекрасен момент за вас двајца, ви честитам – истакна  судијката Фанка Јанчулева Михаиловска и даде пауза од половина час за да одлучи дали ќе определи притвор за четворицата од обвинетите за кои беше предложена мерката.

Даниел Станчев, сопственикот на „Инвока“ е осуден на затвор од 4 години, додека Ирена Ивановска, Игор Ивановски, и Маја Сиљаноска, надворешни соработници на Владата, се осудени на 3 и пол години, односно последните двајца на 3 години казна затвор.

Драги Рашковски доби осум години  затвор за перење пари и злоупотреба на службената должност, а судот објави дека ќе се конфискуваат недвижнини на Рашковски со цел да се надомести штетата.

Права на некои од недвижнините нема да имаат ниту неговите малолетни деца.

Share This Article