Германија одлучи привремено да ја прекине соработката со Косово во различни сектори бидејќи владата на чело со Аљбин Курти не презема чекори за смирување на ситуацијата на северот, изјавија за Радио Слободна Европа од германската амбасада во Приштина.
Како што се наведува во писмениот одговор до Радио Слободна Европа, Германија оваа одлука ја донела во согласност со политиката на Европската унија (ЕУ) која претходно воведе мерки против Косово.
„Мерките вклучуваат одложување на владините консултации за развојна соработка, паузирање на планираното билатерално климатско партнерство и обезбедување специфична опрема за оние кои обезбедуваат безбедност“, се наведува во амбасадата.
Тие забележуваат дека мерките на Германија нема да важат за „проекти со граѓанскиот сектор, ниту за проекти кои веќе се реализираат“.
Исто така, се нагласува дека проектите кои сега се паузирани може да се рестартираат веднаш штом почнат „вонредните мерки за деескалација“.
Германија експлицитно ги поддржува напорите на ЕУ, работата на специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак, како и дијалогот што го води ЕУ, се вели во одговорот на амбасадата.