Сигурно многу пати досега сте се запрашале колку време трошите на одредени активности кои ги правите секој ден?
Освен работа, гледање телевизија, шопинг, консумирање храна и пијалоци, поминување време на Интернет, можеби ќе ви биде чудно што всушност најмногу време, поточно 26 години од вкупниот живот, го поминуваме во сон.
После спиење, на работа поминуваме дури 12 години, а гледајќи телевизија поминуваат 8,8 години.
8,5 години од нашиот живот поминуваме во шопинг, а 3,6 години во јадење и пиење.
Иако живееме во ера на Интернет, статистиката покажува дека трошиме нешто повеќе од три години сурфајќи на Интернет.
Дури две години од вашиот живот поминуваат во запознавање, а интересниот факт за жените е дека дури и година и пол поминува во шминкање.
Иако се чини дека поголемиот дел од времето го поминувате на патување до и од работа, трошите само 60 дена од вашиот живот на превоз.
Во физичка активност поминуваме 1,2 години од животот, а во водење љубов 117 дена.
Деталните статистички податоци се претставени на Твитер профилот на World of Statistics.