Германската полиција започна истрага за убиство по пронајдениот екстремитет во вештачко езеро

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Еден рибар од Германија неодамна доживеа шок кога фатил човечка нога во вештачко езеро. Полицијата во покраината Баден-Виртемберг сега има полни раце работа бидејќи истражителите треба да откријат кому му припаѓаат пронајдените човечки останки, пишува Билд.

Во езерото во близина на Лихтенау во областа Раштат се наоѓа веднаш до Рајна. Таму, во петокот минатата недела, рибар нашол нога на непознат маж со чевел на неа. Ова за медиумите го потврди и полицијата.

Сега големото прашање е како ногата влегла во езерото. Можеби се случило кривично дело. Полицијата се сомнева дека реката Рајна има врска со оваа приказна.

Ногата би можела да му припаѓа на некој што се удавил во Рајна, а можно е моторот на брод да ја откорнал од телото и така да завршила во езерото. Според полицијата, ногата била во вода неколку месеци.

Во моментов ногата е на вештачење во судска медицина. Полицијата анализира актуелни случаи на исчезнати лица. Тоа може да потрае со недели, изјави портпаролот на полицијата.

Share This Article