Албанскиот премиер во својата младост изложувал во Париз

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Албанскиот премиер Еди Рама, освен што се бави со политика, тој е академски образован ликовен уметник. Дипломирал на ликовната академија во Тиранa, откако претходно го завршил уметничкиот ликеј во истиот град. Сликал и цртал од раното детство.

Во 1994 година се обидел да се афирмита како ликовен уметник во Париз. Ги изложил своите дела во неколку галерии во градот заедно со својот ученик Анри Сала.

Ликовните критичари се поделени во однос на уметничката вредност на неговите дела. Тие можат да се најдат на популарните сајтови како artsy.com. Како министер Рама стана познат по своите екстравагантни, контроверзни и досетливи изјави, но и по модниот стил – особено по уникатните бели патики кои ги носеше и во најсвечени прилики.

Тој е единствениот албански премиер во историјата кој освоил три мандати по ред. Во водите на политиката запливал во 1998 година како министер за култура, млади и спорт, функција на која беше до 2000 година.

Во младоста пишувал есеи во кои ја критикувал албанската комунистичка влада. Подоцна тие биле објавено во збирката „Рефлексии“.

 

   

Share This Article