Преговорите меѓу Милан и Челзи за Кристијан Пулишиќ се во тек и се чини дека е постигнат значителен напредок.
Преговорите се водат подолго време и дури во еден момент се чинеше дека Милан ќе остане без ова засилување. Наводно, Лион бил подготвен да плати 25 милиони евра, колку што бара Челзи за репрезентативецот на САД.
Сепак, играчот сака да замине во Милано. И Росонерите конечно се активираа, па ја зголемија понудата на 22 милиони евра.
Милан во овој преоден рок веќе донесе еден играч на Челзи, Рубен Лофтус-Чик.