More

    Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Кина значително се зголемува

    spot_img

    Во Кина во јуни се регистрирани 239 смртни случаи од корона вирусот, што е значително зголемување во споредба со претходните месеци.

    Кинескиот центар за контрола и превенција на болести објави дека во мај имало 164 смртни случаи, а ниту еден во април и март.

    Строгите мерки за борба против вирусот беа укинати во декември, што доведе до нагло зголемување на заразените лица.

    Во јануари и февруари годинава од Ковид починале 4.273 лица, по што бројката паднала на нула.

    Од Центарот не соопштуваат дали очекуваат продолжување на трендот на раст или пак ќе препорачаат воведување мерки.

    Два смртни случаи во јуни се директно од ковид-19, додека другите починале од веќе постоечки болести, чија состојба се влошила со инфекција со корона вирусот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img