Изнајмувањето сместување, станови или куќи на туристи во Хрватска може да поскапи, по иницијативата за промена на Директивата за ДДВ, пишува „Индекс“.
Европската комисија утврди дека 70% од приватните изнајмувачи не се во системот за ДДВ, поради што иницираше промена на регулативата според која секој што издава станови или куќи на туристи, а не е во тој систем ќе мора да плати и данок за сместување.
Планирано е ДДВ да не наплатуваат изнајмувачите, туку платформите ОТА (онлајн туристичка агенција) преку кои гостите наоѓаат сместување во Хрватска.
Европската комисија се надева дека измените ќе стапат на сила во 2025 година, откако сите земји-членки ќе го кажат своето мислење за предлогот.
Пресметките покажуваат дека трошоците ќе бидат повисоки за околу 4 до 4,5% за оние кои досега не плаќале ДДВ за изнајмување на станови или апартмани бидејќи стапката на ДДВ за посреднички услуги на најкористените платформи ОТА е од 16 до 18 отсто. Пресметано со ДДВ на провизијата ќе изнесува околу 20 до 22 отсто, а тоа значи за 4 до 4,5% повисока цена на сместување.
Од 2013 година, кога земјата влезе во ЕУ, хрватските изнајмувачи се обврзани да бараат идентификациски број за ДДВ и потоа секој месец да пресметаат ДДВ на фактурата на платформата што ја користат. Но, релативно мал број обврзници на ДДВ ја почитуваат оваа обврска, како во Хрватска, така и во другите земји-членки на ЕУ.