More

    Ја менува ли Брисел реториката кон Скопје?

    spot_img

    Евроамбасадорот Дејвид Гир во вечерашната емисија „Топ тема“ на телевизија Телма рече дека уставните измени нема да бидат последното барање од ЕУ, туку земјава треба да се фокусира на реформите, особено во владеењето на правото.

    На прашањето што доколку уставните измени не бидат донесени, Гир вели дека тоа е суверена одлука, но, тоа не значи дека ЕУ ќе исчезне.
    – Во таа фаза, процесот кој досега го гледавме, скринингот, напредокот, преземањето на следниот чекор со меѓувладината конференција, тоа ќе запре. Вие сте, како што ве нарекуваме, партнер во преговорите заедно со Србија, Црна Гора, Албанија. За вас тој процес ќе запре, за другите ќе видиме, ќе зависи од нивниот напредок во реформите. Тоа не значи дека ЕУ ќе исчезне. Ќе продолжиме да бидеме присутни, ќе продолжиме да ја поддржуваме државата, ќе продолжиме да инвестираме. Тоа не значи дека не треба да продолжите со реформите бидејќи тоа е сѐ уште најбрзиот пат до ЕУ. Но, мислам дека тој начин е многу потежок и се враќаме на тоа што зборував за моментумот, тоа од што ние стравуваме е дека тој моментум може да се изгуби, оваа можност да се постигне одлучен напредок може да биде изгубена – рече Гир.

    Тој вели дека и Македонија и ЕУ имаат одговорноста што државава е предолго време во чекалницата на Унијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img