More

    Тејлор Свифт казнета со 3.000 долари поради фрлање отпад пред зградата

    spot_img

    Една од најголемата поп-ѕвезди на денешницата, пејачката Тејлор Свифт е казнета со 3.010 долари поради фрлање отпад пред нејзиниот дом во Њујорк.

    Во 2017 година Свифт купи прекрасна куќа на улицата Френклин во Трибека за 18 милиони долари. Откако ја префрли својата база во Њујорк, пејачката добила 32 парични казни затоа што не го одржувала чист просторот пред својата куќа, пренесуваат американски медиуми.

    Казните се добиени во периодот од јануари 2018 до јануари 2023 година.

    Инспекторите застанале покрај нејзиниот дом во Њујорк и не биле задоволни од валканите тротоари и несоодветното одлагање на ѓубрето.

    Тие пишуваат дека тротоарот бил полн со весници, шишиња, картони и салфетки, а имало и неколку фрлени цигари. Пејачката се жалела на казните, а од вкупната сума биле одбиени 200 долари.

    Но, нејзините соседи не се задоволни од тоа како Тејлор го одржува тротоарот пред куќата.

    „Таа не се грижи за ѓубрето. Таа е повеќе фокусирана на милионската турнеја, која нејзините фанови ги доведува до банкрот“, вели една девојка, која шета кучиња на таа улица.

    Меѓутоа, Дејвид Алдеа, поранешен станодавец на Тејлор, има пофални зборови: „Таа беше совршена станарка цело време. Имам само позитивни работи да кажам за неа“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img