Словенечкиот фудбалски стручњак Примож Глиха (55) е нов селектор на репрезентацијата на Косово, објави Фудбалскиот сојуз на Косово на својата интернет страница.
Како привремен селектор, Глиха веќе го водеше Косово на два натпревари пред доаѓањето на претходниот селектор Ален Жирес.
Францускиот стручњак го напушти кормилото на косовската селекција кон средината на јуни по серијата слаби резултати во квалификациите за ЕУРО 2024 година. По четири кола, Косово има три бода во групата И по нерешените натпревари против Израел (1-1), Андора (1-1) и Романија (0-0) и поразот од Белорусија (1-2).
Вкупно Жире на 14 натпревари со Косово забележа четири победи, шест нерешени и четири порази.
Глиха, кој промени многу клубови како играч, играше во Словенија, Хрватска, Јапонија, Унгарија, Австрија, Израел и Франција, работеше како тренер во Олимпија, Драва, Мура, Горица, Копер и ја водеше Словенија до 19 и 21 година.