Компаниите низ светот кои произведуваат полупроводници и електрични автомобили започнаа трка за обезбедување на залихи од галиум и германиум, откако Кина пред два дена најви дека од 1 август го намалува нивниот извоз.
Кина со оваа одлука ја интензивираше трговската војна со Соединетите држави и потенцијално може да предизвика прекини во глобалните синџири на снабдување.
Аналитичарите велат дека овој потег, за кој Пекинг вели дека е обид да се заштити националниот интереси, всушност одговор на напорите на Вашингтон да го потисне технолошкиот напредок на Кина. Со оваа одлука Кина ја интензивираше трговската војна со САД и потенцијално може да предизвика прекини во глобалните синџири на снабдување.
-Кина ги погоди американските трговски ограничувања таму каде што боли – изјави за Ројтерс Питер Аркел, претседател на Кинеската глобална асоцијација за рударство.
Европската комисија изрази загриженост, додека германскиот министер за економија Роберт Хабек рече дека проширувањето на контролата врз извозот на материјали како што е литиумот ќе биде проблематично.
Кина произведува најголем дел од светскиот галиум и германиум, материјали кои се користат во високотехнолошката индустрија и воената опрема.
Во 2022 година, најголеми увозници на кинески производи од галиум беа Јапонија, Германија и Холандија, објави веб-страницата за вести Caikin, цитирајќи податоци од царината.
Според извештајот, најголеми увозници на производи од германиум биле Јапонија, Франција, Германија и САД.