Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека неодамнешните дипломатски напори покажа напредок во напорите да се спречи Русија да ја нападне Украина.
Тој изрази уверување дека војната на континентот може да се спречи.
– Наша задача е да се обезбеди безбедност во Европа и верувам дека тоа ќе биде постигнато, изјави Шолц на заедничката прес-конференција со данската премиерка, Мете Фредериксен, која денеска е во официјална посета на Германија.
EPA-EFE/STANISLAV KOZLIUK