Повторно падна познатата изрека „еве одиме“, овој пат со причина затоа што беше реализиран историски трансфер!
Лондонски Арсенал конечно се договорил за условите за плаќање со Вест Хем, тврди Фабрицио Романо.
Арсенал го носи Деклан Рајс за 100 милиони фунти (околу 117 милиони евра) и уште пет милиони фунти преку бонуси.
Се верува дека „Топчиите“ постигнале компромис за време на интензивните преговори и ќе платат 100 милиони фунти целосно однапред до 2025 година, заедно со 5 милиони фунти бонуси – рекордна компензација меѓу два англиски клуба и втора најголема во историјата на Премиер лигата.
Најскап трансфер беше оној на Енцо Фернандез од Бенфика во Челзи.
Рајс го напушти Вест Хем по 245 настапи, 15 гола и 13 асистенции.