Миле Јанакиески и неговиот адвокатски тим ќе бараат спојување на сите притвори кои ги има издржано во период 4,8 години, за да му се засметаат во изречената казна од 3,6 години за случајот „Титаник“, дознава „Република“.
Барањето ќе биде упатено до претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев уште во текот на денешниот ден или најдоцна утре.
Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски влегува во затвор, попладнево соопшти Апелациониот суд во Скопје, откако ги разгледало жалбите на обвинетите по пресудата која ја донесе Кривичниот суд Скопје минатата година.