More

    Почина осомничениот за убиството на двајца полицајци на аеродромот во Кишињев

    spot_img

    Почина осомничениот за убиството на двајца полицајци на аеродромот во Кишињев
    Човекот обвинет за убиство на двајца гранични полицајци во престрелка минатата недела на аеродромот во главниот град на Молдавија, Кишињев, почина во понеделникот од повеќе прострелни рани, додека властите во поранешната советска држава наредија истрага за пропусти во безбедноста на аеродромот.

    Претседателката Маја Санду го прогласи вторникот за ден на жалост и нареди знамињата да бидат спуштени на половина копје по инцидентот од минатиот петок. На две жртви им беа доделени постхумни награди.

    Во официјалното соопштение беше објавена смртта на Рустам Асуров (43), по потекло од Таџикистан, кој зел пиштол од службеник на граничната полиција откако му бил одбиен влез во Молдавија.

    Тој беше обвинет за убиство на двајца полицајци и за кратко земање заложници пред да биде совладан. Се здобил со десет прострелни рани и никогаш не се освестил.

    На Асурова, кој отпатувал за Кишињев од Истанбул, му бил одбиен влезот во земјата, а придружуван од полицаец се упатувал кон делот од аеродромот каде што требало да го чека повратниот лет со уште пет лица на кои им бил одбиен влезот, кога изби пукање.

    Обвинителите првично го класифицираа инцидентот како терористички чин, но истражителите кои работеа со официјални лица во Таџикистан, поранешна советска држава во Централна Азија, утврдија дека тој се бара во врска со минатомесечното киднапирање на вработен во банка.

    Откриле и дека осомничениот е осуден на 13 години затвор за учество во вооружен грабеж на менувачница во 2012 година, при што избегал со речиси 100.000 долари во торба со спортска опрема. Тој беше ослободен во 2019 година како дел од широката претседателска амнестија.

    Главното обвинителство најави истрага за „неисполнување или неправилно извршување на должностите од страна на лица вклучени во обезбедувањето на аеродромот“.

    Молдавскиот политичар Ренато Усати рече дека е јасно дека властите не се подготвени за таков инцидент.

    Еден припадник на граничната полиција имал задача да следи шестчлена група низ аеродромот, вели тој во видеото објавено на социјалните мрежи, додека по два часа консултација требало да биде јасно со каква личност си имаат работа.

    По инцидентот, аеродромот, кој сега често го користат патниците од соседна Украина по руската инвазија на нивната земја, се врати во нормална работа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img