More

    Подољак: Украинците на референдум ќе гласаат за безбедносниот статус на земјата

    spot_img

    Советникот на украинскиот претседател и член на преговарачкиот тим Михаило Подољак изјави дека граѓаните на неговата земја на референдум ќе гласаат за каков било договор што ќе го поврзе статусот на неутралност на Украина со безбедносните гаранции, пренесува Си-Ен-Ен.

    „Тоа ќе биде референдум на кој сите граѓани на Украина ќе го кажат својот став за овој договор, за тоа како тој треба да функционира“, изјави тој за украинската телевизија.

    Тој објасни дека дури откако граѓаните ќе одобрат таков договор, може да оди на ратификација во парламентот на Украина и во парламентите на земјите гаранти.

    Подољак подвлече дека е неопходно владата да има поддршка од украинскиот народ за овој договор.

    Според „Гардијан“, украинскиот преговарачки тим предложил усвојување на неутрален статус во замена за безбедносни гаранции, што значи дека Украина нема да се приклучи на никакви воени сојузи или да дозволи воени бази на нејзина територија.

    Предлозите, исто така, ќе вклучуваат 15-годишен период на консултации за статусот на анектираниот Крим и може да стапат на сила само во случај на целосен прекин на огнот, изјавија преговарачите за новинарите во Истанбул.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img