More

    Европското тело за контрола на авиосообраќајот „Еуроконтрол“ најави дека во текот на ова лето воздушниот сообраќај ќе има „голем товар“ во многу важни региони

    spot_img

    Европското тело за контрола на авиосообраќајот „Еуроконтрол најави дека во текот на ова лето воздушниот сообраќај ќе има голем товар“ во многу важни региони. Патниците, кои имаат намера да патуваат со авион, се предупредуваат дека „следува лето полно со предизвици во авиосообраќајот“, пишува британски Тајмс.

    Тоа предупредување беше издадено на почетокот на летната сезона, со речиси 33.000 дневни летови низ Европа во следните осум недели, што е речиси 8% повеќе во споредба со истиот период во 2022 година.

    Според извештаите, густ сообраќај се очекува во Ремс и Марсеј во Франција, Атина, Лондон, Барселона, Брисел, Будимпешта, Никозија, Варшава и Загреб во деновите на шпицот, особено во петок и за време на летните викенди.Се додава дека преоптоварувањето може да доведе до одложувања на летовите, а авионите да бидат принудени да летаат на подолги рути за да се избегнат критичните области.

    Генералниот директор на Еуроконтрол Раул Медина изјави дека војната во Украина, односно воените потреби, влијаеле на немањето слободен воздушен простор. Според него, достапноста на воздушниот простор е намалена за 20 проценти.

    Шефот на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт Вили Волш неодамна изјави дека авиокомпаниите се сериозно загрижени за контролата на воздушниот сообраќај и дека прекинот во јуни е „многу над она што е нормално за овој период од годината“.

    – Имаме хаотична ситуација кога гледаме речиси секојдневни штрајкови на контролори на летање, што го нарушува сообраќајот не само во Франција, туку и низ Европа, бидејќи ги принудува авиокомпаниите да се пренасочуваат кон други земји – рече Валс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img