Русија презема два чекора за деескалација на конфликтот против Украина, објасни шефот на руската делегација на преговорите во Истанбул, Медински. Руското Министерство за одбрана одлучи драстично да ги намали воените активности во областите на Киев и Чернихов.
– Бевме конструктивни. Добивме предлози од Украина да ја разгледаме нивната јасно искажана позиција за вклучување во договорот. Овие предлози ќе бидат разгледани во блиска иднина и ќе бидат известени до претседателот – рече тој и додаде:
– Поаѓаме од премисата дека релевантните клучни одлуки ќе бидат донесени во Киев и дека ќе треба да се создадат услови за понатамошна нормална работа.
Според рускиот преговарач средба Зеленски-Путин е можна кога ќе биде парафиран договорот.
– Средбата меѓу Путин и Зеленски е можна во исто време со парафирањето на договорот меѓу Русија и Украина на ниво на МНР – додаде Медински.
Од своја страна, пак, неговиот колега од украинската делегација, Давид Арахамија, рече дека денес е извојувана мала победа за Украина.
– Нашата прва победа е префрлање на преговорите од Белорусија во Турција. Ние ја гледаме Турција како една од безбедносните гаранции за Украина – рече тој.
Арахамија обзнани и дека се работи на меѓународен договор со трети страни кои ќе гарантираат безбедна Украина.
– Велика Британија, Кина, САД, Турција, Франција, Канада, Италија, Полска и Израел по преговорите можат да станат гаранти на безбедноста на Украина. Тие ќе дејствуваат како дел од меѓународен договор. Тие ќе можат да го затворат небото на барање на Украина – вели украинскиот преговарач.
– Постојниот систем на безбедносни гаранти не функционира, тоа го гледаме во Мариупол и во Харков – додава тој.
– Се согласивме дека сите земји гаранти за безбедност не само што не треба да го попречуваат нашиот пристап во ЕУ, туку и да помогнат во овој процес.
На преговорите се зборувало и за статусот на воените заробеници од двете страна. Според украинскиот преговарач Михајло Подољак доколку се прекршат законите против воените заробеници, ќе се преземат мерки.
– Двете страни повикуваат на уништување на двете нации. Има видео што ги прекршува Женевските конвенции – рече тој.
Друго прашање е прекинот на огнот за решавање на сите хуманитарни проблеми.
– Клучното прашање е договорот за меѓународни безбедносни гаранции за Украина, што ќе ни овозможи да ја завршиме војната онака како што ѝ треба на Украина – рече тој.