More

    Бил Клинтон утре ќе допатува во Тирана

    spot_img

    Поранешниот американски претседател Бил Клинтон утре ќе допатува во дводневна посета на Албанија, при што ќе му биде врачено признанието „Ѕвезда на благодарност за јавни достигнувања“.

    На 3 и 4 јули, 42-от претседател на Соединетите Американски Држави, Бил Клинтон, првпат ќе ја посети Албанија. Клинтон и делегација што го придружува ќе допатуваат во Тирана во понеделник, 3 јули, попладне, каде во 19 часот ќе бидат примени од премиерот Еди Рама на специјална официјална церемонија на булеварот „Народни херои“ пред владата со учество и на граѓани, јави државната агенција АТА.

    По изведувањето на националните химни на САД и Албанија, премиерот Еди Рама, на чија покана доаѓа Клинтон, ќе си разменат знамиња на двете земји.

    Зборувајќи за агендата на посетата, Рама информира дека „ќе му приредиме албански пречек и ќе му дадеме можност малку да се запознае со Тирана“.

    Додаде дека „ова е посета и воопшто не е во контекст на оваа актуелна несреќна реалност“.

    Двајцата големи татковци на она што се случи на Косово се Бил Клинтон и Тони Блер, но дојде момент кога децата не ги слушаат своите татковци, додаде Рама, мислејќи на непослушноста на косовскиот премиер Албин Курти

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img