Според традиционалната кинеска медицина, држењето на коцка мраз на вратот по дваесет минути секој ден прави чуда. Посебно помага кога сме незадоволни од се и сешто, се жалиме на стрес, вознемирени сме, лошо спиеме, имаме главоболки и менструални болки…
Старите Кинези ваквите проблеми ги третирале со акупресура, а прецизно стимулирање на одредена точка на вратот наводно не ослободува од гореспоменатите заболувања. Таканаречената точка на Фенг Фу се наоѓа во вратот, во шуплината на долниот крај на черепот, токму таму каде што е вдлабнатината на задниот дел од главата.
Ако држите коцка мраз таму дваесет минути и ако го правите тоа секој ден, би требало успешно да се ослободите од болката, стресот и проблемите со спиењето. Исцелувањето може дополнително да се стимулира со удобно легнување на стомак, завиткување коцка мраз во крпа, таргетирање на точката Фенг Фу и опуштање дваесет минути.
Се верува дека кога го стимулирате, го водите телото на пат кон зајакната животна енергија. И ова, според традиционалната кинеска медицина, обезбедува мирен сон, го стимулира варењето, ги намалува главоболките, забоболките и болките во телото и го поддржува дишењето и циркулацијата. Ги ублажува вагиналните и гастроинтестиналните инфекции и ја стимулира тироидната жлезда, пишува Живим.хр.
Се вели дека го стабилизира нервниот систем и ‘рбетот и помага при проблеми со крвниот притисок и артритис. Ја намалува дебелината и помага при психички проблеми како депресија, хроничен стрес, исцрпеност или несоница, исто така ги намалува менструалните проблеми, па дури и целулитот.
Дури и ако не сте љубител на акупресурата, дваесет минути опуштено лежење со коцка мраз за ладење навистина може да ви помогне психички и физички да се опуштите.