Вистинска драма се случувала денеска на меѓународниот аеродром во Кишњев, Молдавија, откако непознато лице, кое допатувало со авион од Турција, одзело оружје од еден од аеродромските обезбедувачи и отворило оган, јавија локалните медиуми. Во престрелката бил ранет службеникот на обезбедувањето, а убиени се уште најмалку две лица. Патникот потоа зел заложници и се забарикадирал во една просторија на аеродромот, јавуваат локалните медиуми.
Потоа, молдавската полиција ги евакуирала сите патници од аеродромот, а аеродромските власти ги запреле сите летови. На крајот во акција стапиле специјалните антитерористички сили и успеале да го приведат напаѓачот.
До инцидентот дошло затоа што на патникот од Турција му бил одбиен влез во земјата.