Дваесетина руски службеници и олигарси починале од „изненадна руска смрт“ само во 2022-ра година, а младата руска банкарка Кристијан Бајкова(28) е последниот случај досега во низата. Таа беше пронајдена мртва откако на 23 јуни околу 3 часот по полноќ мистериозно паднала низ прозорецот на својот стан на 11-ти кат во Москва.
Локалните медиуми наведуваат дека Кристина пред трагедијата била во друштво на својот пријател Андреја (34). Истрагата за нејзината смрт е во тек.
Андреја наводно кажал дека Бајкова го поканила во нејзиниот стан на Булевар Ходински на пијалак и дека излегла на својот балкон пред да падне на земја.
Дан Рапапорт, познат критичар на рускиот лидер Владимир Путин, исто така е пронајден мртов откако минатиот август паднал од својот луксузен стан во Вашингтон.
Неколку недели подоцна, претседателот на рускиот нафтен гигант Лукоил, Равил Маганов, паднал од прозорец од шестиот кат на болница во Москва и починал. Пред својата смрт Маганов бил гласен во поглед на критиките за Путин и руската инвазија на Украина.
Креативниот директор на ИТ компанијата Григориј Коченов во декември скокнал од балконот на својот стан и настрадал. Трагедијата наводно се случила додека руските власти го претресувале неговиот стан. Еден руски тајкун во декември исто така паднал од прозорец во хотел во Индија.
Руски тајкун за недвижнини кобно паднал по скали додека бил на француската ривиера во декември.
А, нешто порано овој месец судијата Артјом Бартенјев паднал од 12-ти кат на својата станбена зграда и бил прогласен за мртов.