More

    Галтие обвинет за расизам

    spot_img

    Тренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие е уапсен во Франција. Тој е обвинет за расизам од неговиот поранешен клуб, Ница. Се знае дека на Галтие веќе му е подготвен отказ од ПСЖ и дека се чекаат формалностите, но сепак, тој се уште се води како тренер на еден од најпознатите и најбогати клубови во светот.

    Според информациите кои пристигнуваат од француската престолнина, наводно има неколку мејлови кои ги испратил додека бил на клупата на Ница во кои ги омаловажувал своите играчи и давал расистички коментари. Во една од нив се вели дека „во тимот има само црномурести играчи и дека половина од тимот оди во џамија во петок“, алудирајќи на тоа дека нема доволно играчи за тренинзи и подготовка за натпревари. .

    Заедно со тренерот,  уапсен е и неговиот син Џон Галтие. Двајцата се во притвор, на распит. Според францускиот закон, тие можат да бидат задржани најмногу 48 часа, до кога треба да се донесе одлука дали ќе се покрене постапка и дали случајот ќе оди на суд.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img