More

    Странци за купување производи и услуги од македонски е-трговци лани потрошиле 21,76 милиони евра, што во однос на претходната година е пораст од речиси 33%

    spot_img

    Странци за купување производи и услуги од македонски е-трговци лани потрошиле 21,76 милиони евра, што во однос на претходната година е пораст од речиси 33%. А во однос на 2016 година, вредноста на е-трансакциите од странство кон македонски е-продавници се зголемила за над 10 пати, додека бројот за речиси 19 пати,покажува анализата на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ, повикувајќи се на податоци од Народната Банка.

    – Остварената вредност странските онлајн купувачи ја направиле во 618,932 трансакции или просечно потрошиле 35,2 евра по трансакција. Направената анализа за движењето на бројот и вредноста на направените онлајн трансакции од странци кон домашни е-трговци од 2016 година до 2022 година покажува дека има значаен пораст. Ако во 2016 година странците потрошиле онлајн кон македонските е-трговци само два милиони евра во 32,9 илјади трансакции, во 2022 вредноста е зголемена за над 10 пати, додека бројот на трансакциите за скоро 19 пати. Што се однесува до учеството на странците во вкупно остварената вредност на онлајн трансакциите и кон дома и кон странство од домашни и странски платежни картички тоа се зголемува од 2,2 % во 2016 на речиси 4% во 2022 година – велат од АЕТМ.

    Од вредноста на вкупно направените трансакции од странци кон македонски е-трговци, 49% припаѓаат на граѓани од 8 земји.

    – Од иматели на платежни картички издадени во САД, потрошени се 3,6 милиони евра или 17% од вредноста на трансакциите. Потоа 2,2 милиони евра или 10 отсто од Обединетото кралство и 1,7 милиони евра или 8% од Швајцарија. Потоа следат германските иматели на картички кои направиле 4%, Бугарија и Турција 3 проценти, и Шведска и Косово 2% од вредноста на онлајн трансакциите – велат од АЕТМ.

    Понатамошната анализа на АЕТМ на бројот и вредноста на направените трансакции од странство кон македонските е-трговци е направена подетално за земјите кои остваруваат 49 отсто од вкупно направената вредност. Најголем пораст на бројот како и на вредноста на направените онлајн трансакции од странски иматели на платежни картички во 2022 година во однос на претходната година е остварен од Швајцарија, додека највисока просечна трансакција е направена од Косово.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img