Францускиот парламент усвои закон со кој малолетниците помлади од 15 години бара да добијат согласност од родителите за користење на платформите на социјалните мрежи.
Предлог-законот беше едногласно усвоен синоќа во Сенатот.
Според законот, платформите за социјални медиуми ќе треба да користат систем за проверка на возраста на корисниците и дали малолетниците имаат родителска дозвола.
Неусогласените платформи може да бидат казнети до еден процент од нивниот глобален приход.
Родителите ќе можат да бараат од платформите да ги суспендираат сметките на социјалните мрежи на нивните деца.
Законот ќе стапи на сила по објавувањето во „Службен весник“ на Франција.