Поради инерес на јавноста Уставниот суд информира дека предметот У.бр.89/2023, во кој се оспоруваат законските измени и дополнување на Упатството за водење на матичните книги (Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги.), ќе биде ставен на дневен ред на седницата закажана за 5 јули 2023 година. Станува збор за предмет кој Судот го оформи по сопствена иницијатива поради сомнеж за неуставност.
Ве информираме дека во меѓувреме за истото Упатство поднесена е инцијатива од страна на политичка партија „Левица”. Уставниот суд ги проверува наводите.