Почитувани граѓани,
По СВР Штип, ОВР Струга, и ОВР Кавадарци, ОТВОРЕНИОТ КАБИНЕТ на министерот Спасовски, проект на МВР кој со неделна динамика започна со реализација на почетокот на овој месец, на 5ти јули, во среда, ќе биде позициониран во СВР Тетово.
Граѓаните од подрачјето на СВР Тетово, преку претходно закажан термин, се добредојдени во просториите на СВР Тетово да ги презентираат своите идеи за подобрување на безбедноста во заедницата, да упатат прашање до министерот, да го претстават својот предлог за подобрување на работењето на полицијата, да бидат дел од процесот на креирање политики во врска со безбедноста, која нѐ засега сите нас.
Почитувани граѓани,
Ве очекуваме во текот на оваа недела, на телефонскиот број 072 33 31 85 или на електронската адреса MVRJAVNOST@moi.gov.mk, да си закажете термин за средба со министерот Спасовски, а неговиот тим ќе ве пречека и ќе ви овозможи и вашето мислење да биде чуено и земено предвид.
Во рамки на утврдениот концепт „МВР за ГРАЃАНИТЕ“, преку Отворениот Кабинет да покажеме уште еднаш дека полицијата е во служба на граѓаните, а мислењето на секој граѓанин има посебна вредност.