Унгарија не се согласува со плановите на Европската комисија за доделување на дополнителни финансиски средства на Украина и не е подготвена да обезбеди дополнителни пари за финансирање на зголемените трошоци за сервисирање на долгот на ЕУ, порача унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесува Гардијан.
-Едно е јасно, ние Унгарците нема да и дадеме повеќе пари на Украина додека таа не објасни каде отидоа претходните 70 милијарди евра. И сметаме дека е крајно смешно и апсурдно дека треба дополнително да ги финансираме трошоците за отплата на кредитот од кој се уште не сме добиле средства на кои имаме право, рече Орбан.