Извештајот за мостот „Беласица“ е предаден, следува санација

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Експертизата за опожарениот мост „Беласица“ е направена од приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени и нацрт верзијата е предадена во Град Скопје, потврди за МИА директорот на Институтот, професор Михаил Гаревски.

Од визуелната инспекција, вели Гаревски, не е забележана ниту на еден дел од мостот изложеност на каблите за преднапрегање, туку тие се скриени со заштитниот слој на бетон. Овој е основниот услов и затоа оштетувањата се мали. Иако оштетувањата се мали, посочува тој, сепак ќе треба да се изврши санација.

Гаревски нагласува дека е потребна санација на плочата над примарните цевки за парно со торкретирање за да се врати заштитниот слој од бетон кој ја штити ребрастата арматура од корозија.

– Потребно е и да се врати паднатиот бетон на некои површини од долната плоча и вертикалните ребра на сандачестите носачи. За да може да се спроведе санацијата на мостот неопходно е да се извадат цевките за парно кои се наоѓаат под мостот – појаснува професорот.

Иако тој вели дека извештајот е предаден во Град Скопје, оттаму за МИА одговориле дека во моментот не располагаат со никакви информации.

Share This Article