More

    Претседателот на СИРИЗА си даде оставка

    spot_img

    Одлучив да предложам избор на ново раководство на партијата, за кое нема да бидам кандидат, порача лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во денешната вонредна изјава по состанокот на извршната канцеларија на партијата по поразот на изборите, јави дописничката на МИА од Атина.

    Ципрас рече дека дошло време да се отвори нов циклус во СИРИЗА. Грчката опозициска партија претрпе голем пораз на двојните парламентарни избори во Грција.

    На првите избори во мај, СИРИЗА доби 20 од гласовите, двојно помалку од Нова демократија, а на вторите избори во неделата, дополнително се зголеми разликата меѓу двете партии (на 22,73 проценти), левичарската партија загуби гласови, освојувајќи 17,83 проценти.

    Алексис Ципрас 15 години ја водеше партијата, а во периодот од јануари 2015 година до јули 2019 година додека СИРИЗА беше на власт, беше премиер на Грција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img