Ковачевски – Хотгес: Иновациите и инвестициите во телеком индустријата придонесуваат кон развојот на македонската економија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски за време на посетата на Берлин, оствари средба со главниот извршен директор на Дојче Телеком, Тимотеус Хотгес.

На средбата, на која присуствуваше и Никола Љушев, главен извршен директор на Македонски Телеком, се разговараше за постигнатите успеси и наредните планови на групацијата Дојче Телеком која во Република Северна Македонија од 2001 година го зазема водечкото место меѓу националните телекомуникациски оператори преку Македонски Телеком кој има голем придонес во македонската економија. Компанија е пред сѐ двигател на дигитализацијата во општеството, и она што е препознатливо за истата е примената на нови технологии. На средбата беше потенцирано дека минатата година беше година на големи инвестиции, со коишто овозможи проширување на оптичката мрежа во Северна Македонија, меѓутоа и воведување на 5Г технологија од страна на Македонски Телеком, дел од групацијата на Дојче Телеком. На средбата воедно беа разговарани и презентирани можностите за развој кои ги нуди 5Г технологијата во многу сегменти од општествениот живот но и во бизнисот, со што се отвораат нови иновативни перспективи во делувањето.

Соговорниците на средбата ја истакнаа важноста на Германија како земја којашто е голем поддржувач преку компаниите отворени во Северна Македонија и придонесува за надминување на современите економски предизвици во нашата држава. На состанокот беше кажано дека соработка, како на државите, така и на компаниите се гледа низ сè поголемото ниво на инвестиции и сè поголемиот напредок на нашата држава во која, секако, голема улога има компанија како Македонски Телеком. Во овој контекст Дојче Телеком изразија подготвеност за продолжување на инвестирањето во Северна Македонија со конкретни големи инвестиции во дигиталната инфраструктура во земјата.

Големите германски инвестиции како што е и Македонски Телеком освен за развој на економијата се и одлична шанса за поттикнување нови генерации на млади за работа во телекомуникацискиот сектор што е и неопходно.

Share This Article