Чадори со првото македонско знаме со сонцето од Кутлеш осамнаа пред парламентот на Австрилија во главниот град Канбера. Македонските знамиња се честа појава во многу градови во Австралија каде овој симбол не е спорен.
Фотографијата беше објавена на групата Unapologetically Macedonian, во превод „Македонец без извинување“.
Во една друга објава од групата се гледа македонско сонце од Кутлеш развиено на јарбол пред градскиот совет и библиотека во Волонгонг.