More

    НАБАВЕНА НОВА СОВРЕМЕНА МЕХАНИЗАЦИЈА ЗА ЗИМСКО ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ НА ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА ВО ОПШТИНА РЕСЕН

    spot_img
    Општина Ресен обезбеди нова современа механизација за зимско одржување и чистење на патната инфраструктура во општината а со цел обезбедување на соодветни и навремени услуги за своите граѓани.
    Согласно потребите на јавното комунално претпријатие за обезбедување на навремени и квалитетни услуги како што се редовно чистење на снегот од објектите на комуналната инфраструктура, јавните површини, локални улици и патишта како и редовно одржување на улиците во Ресен набавени се два трактори со плугови и растурачи за сол.
    Со новата опрема јавното комунално претпријатие ќе ги зајакне своите технички капацитети и ќе ја подобри ефикасноста и ефективноста на функционирањето на самата институција, со што ќе се подобри безбедноста на населението при користење на патните правци во општината особено во зимските услови.
    Општина Ресен механизацијата ја обезбеди во соработка со Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион преку проектот: ”Зајакнување на техничките капацитети на ЈКП во регионот за зимско чистење и одржување на патната инфраструктура” финансиран од страна на Прогрaмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img