More

    Мал протест пред џамијата во Стокхолм, организаторите кинеа и палеа страници од Куранот

    spot_img

    Шведската полиција дозволи денеска да се одржи мал протест пред џамијата во Стокхолм, на кој организаторите кинеа и палеа страници од Куранот, што може дополнително да го искомплицира обидот на Шведска за влез во НАТО, јавуваат светските агенции.

    На протестот пред централната џамија во Стокхолм околу 200 присутни гледале како еден од двајцата организатори на протестот ги кине страниците на копија од Куранот, а потоа си ги брише чевлите со нив, па завиткал сланина во нив и на крајот ја запалил книгата. За тоа време, друг демонстрант зборувал на мегафон извикувајќи „Нека гори“.

    Некои од присутните извикувале „Господ е голем“ на арапски, протестирајќи против палењето. Полицијата привела еден од контрадемонстрантите.

    Шведската полиција одбила неколку неодамнешни барања за протести против Куранот, но судовите ги поништиле одлуките, велејќи дека тие ја нарушуваат слободата на говорот.

    Неколку арапски земји, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Јордан и Кувајт, го осудија палењето на Куранот во јануари.

    Овојпат осуди дојдоа од Турција, од која Шведска очекува симнување на ветото за прием во НАТО. Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан го осуди денешното палење на Куранот во објава на Твитер.

    „Го осудувам протестот во Шведска против нашата света книга на првиот ден од Бајрам, напиша Фидан, додавајќи дека е неприфатливо да се дозволат антиисламски протести во име на слободата на изразување.

    Премиерот на Шведска Улф Кристерсон изјави дека не сака да шпекулира како одобрениот протест може да влијае на процесот на влез на Шведска во НАТО.

    – Тоа е легално, но не е примерно. Верувам дека живееме во време кога е неопходно да се остане смирен и да се размислува за тоа што е најдобро за долгорочните интереси на Шведска – посочи Кристерсон.

    Многубројните протести одржани во Шведска против исламот и за правата на Курдите ја иритираат Анкара. Шведска поднесе барање за членство во НАТО лани по руската инвазија на Украина. Но, Турција, која е членка на Алијансата, го запре процесот, обвинувајќи ја Шведска дека засолнила луѓе кои ги смета за терористи и бара екстрадиција.

    – Шведска ги исполни сите услови за влез во НАТО поставени од Турција – изјави неодамна шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром.

    Унгарскиот Парламент денеска ја одложи ратификацијата на кандидатурата на Шведска за членство во НАТО до нејзината есенска седница, што значи дека нордиската земја нема да се приклучи Алијанса пред или за време на Самитот на НАТО во јули.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img