More

    Православната Охридска Архиепископија објави дека целосно преминува во Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископијаво МПЦ-ОА

    spot_img

    Православната Охридска Архиепископија објави дека целосно преминува во Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Истовремено црквата најави дека нема да објавува нови содржини на официјалната интернет страница на ПОА, но таа и натаму ќе остане достапна за читателите.

    Во официјалното соопштение на поранешната ПОА се вели:

    Православната Охридска Архиепископија, која ја исполни смислата на своето административно постоење како автономна Црква во канонското подрачје на Српската Православна Црква, сведочејќи го единството на Црквата сиве изминати 20 години, повеќето поминати во гонења и понижувања, по давањето на автокефалијата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на Српската Православна Црква и прифаќањето на сите архиереи на Православната Охридска Архиепископија да бидат под јурисдикција на споменатата Црква, целосно преминува во Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и ја прекинува секоја надградба на содржините на официјалната интернет презентација на Православната Охридска Архиепископија.

    Бидејќи постои заинтересираност за повеќето од содржините презентирани на оваа интернет страница, до страницата и понатаму ќе биде можен интернет пристап кон истата, благодарение на спонзорот кој ќе ги подмирува трошоците кои ги испорачува понудувачот на интернет услугата, но страницата веќе нема да се надградува со нови материјали.

    Благодариме на сите кои помогнаа, со своето знаење, пожртвуваност и добра волја, да се одржи оваа интернет презентација и истата длабоко да придонесе за единството на Црквата Божја.“

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img