More

    Трамп наводно дал неумесни коментари и за ќерка си

    spot_img

    Единствениот од живите американски претседатели кој не е потомок на власник на робови, според ново истражување на Ројтерс, Доналд Трамп, повторно се најде во центарот на вниманието во врска со неговите неумесни и сексистички коментари за жените кои работеле за него.

    Според една претстојна книга на вработен во неговата администрација, додека Трамп бил претседател го коментирал телото на својата ќерка Иванка и зборувал за тоа „како би можело да биде да имаш секс со неа“ пред колегите, пишува Њузвик.

    – Помошниците рекоа дека тој зборувал за градите на Иванка Трамп, за нејзината задница и за тоа како би можело да биде сексот со неа, забелешки што некогаш го натераа Џон Кели да го потсети претседателот дека Иванка е негова ќерка – пишува Мајлс Тејлор автор на книгата за Трамп и поранешен шеф на кабинетот во Одделот за домашна безбедност.

    Мајлс не ја посведочил директно оваа случка, туку колешка му ја прераскажала.

    – Потоа, Кели ми ја прераскажа таа приказна со видливо згрозување. Трамп беше многу, многу злобен човек – додава Тејлор, кој се прослави со книгата во која ги објавува неумесните коментари на некогашниот претседател.

    Трамп има историја на давање коментари кои критичарите ги сметаат за несоодветни за неговата ќерка Иванка. Во едно појавување во 2006 година во ток -шоуто на Еј-Би-Си заедно со неа, тој рече дека „ако Иванка не беше моја ќерка, можеби ќе се состанував со неа. Зар не е тоа страшно? Колку е страшно?“

    Во интервју за Ролинг Стоун во 2015 година, тој наводно рекол дека „таа е навистина нешто, и каква убавина е тоа. Да не бев среќно оженет и, знаете, нејзиниот татко…“

    А кога Иванка од Си-Би-Ес во 2016 година ја интервјуираа за односот на нејзиниот татко кон жените, таа рече:

    – Тој има целосна почит кон жените. Тој на крајот верува во заслугите – изјавила Иванка.

    Овие нови обвинувања за Трамп доаѓаат откако поротата во Њујорк го прогласи за одговорен за сексуална злоупотреба и клевета на новинарката Е. Џин Керол.

    Трамп негираше дека сторил нешто лошо и покрена жалба за пресудата на Керол.

    Но, сите овие скандали може да влијаат на неговите шанси да обезбеди уште еден мандат во Белата куќа во 2024 година.

    Авторот на претстојната книга се сеќава дека бил сведок на такво однесување од прва рака на состаноците со Трамп и Кирстјен Нилсен, која му беше секретарка за домашна безбедност од 2017 до 2019 година.

    Нејзе ѝ велел дека е „слатка и мила“, а ја критикувал нејзината шминка и облека.

    На друга колешка пак, која ја помешал со соработничката Сара Сандерс, ѝ рекол дека „многу се здебелила“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img